Студено и ветровито време, утрински температури под нулата
Најниска температура изутрината беше забележана во Берово, -2 целзиусови, додека во Скопје беше околу нулата. Долж Повардарието и во источните делови засилен северозападен ветер со брзина и до 70 километри на час.

Студено и ветровито, со утрински температури под нулата. Најниска температура изутрината беше забележана во Берово, -2 целзиусови, додека во Скопје беше околу нулата.
Долж Повардарието и во источните делови засилен северозападен ветер со брзина и до 70 километри на час. На околните планини на Скопје беше забележана и снежна покривка, како и во западните предели на земјата.
Во следните два дена времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури коишто на некои повисоки места ќе се спуштат и под нулата, а дневните температури ќе бележат покачување и во четврток ќе се движат од 18 до 24 степени.
Од петок ќе преовладува променливо и релативно топло време со повремени локални врнежи од дожд и појава на грмежи.
