Студен бран низ Европа, снег и во регионот
26.04.2016 10:24
Најмногу снег падна во Норвешка околу 30 сантиметри што предизвика повторно враќање на правилата за зимски сообраќај.

Променливото време донесе снег и во Босна, Хрватска, Норвешка, Унгарија. Забележани се по 20-на сантиметри снег, а во Босна снежната покривка направи проблеми на патиштата.
Најмногу снег падна во Норвешка околу 30 сантиметри што предизвика повторно враќање на правилата за зимски сообраќај.
Во Хрватска, силниот ветер кој дуваше на приморјето го отежна бродскиот сообраќај.
