Македонци ќе се натпреваруваат за глобалната награда на НАСА
Првопласираниот македонски тим ќе се натпреварува за глобалната награда на НАСА, да присуствува на лансирање на ракета од нивниот спејс центар.

Иновативна идеја за употреба на горива, т.н. џет- пек, е првопласирана на натпреварот што се одржа во „Њу менс бизнис акселераторот“ во Скопје, како дел од глобалниот „Спејс апс челинџ“ натпревар на НАСА. Првопласираниот македонски тим ќе се натпреварува за глобалната награда на НАСА, да присуствува на лансирање на ракета од нивниот спејс центар.
„Она што сакавме да го постигнеме е да направиме нешто поразлично од она што сите го замислуваат кога ќе се спомне џет-пек, односно употреба на горива за негова работа. Исто така сакавме да употребиме најнова и најдобра технологија за негова целосна изработка и колку што можеме повеќе да го користиме сонцето како извор на енергија за работа на нашиот уред“, изјави Горан Јованоски, дел од првопласираниот тим.
Второпласираниот тим на предизвикот „Спејс рута 66“ креираа виртуелна реалност која што нѐ носи чекор поблиску до Кенеди спејс центарот.
Наградата „Избор на публиката“, пак, отиде во рацете на тимот кој го покри предизвикот „Не го уривај мојот дрон“ каде што се создаде апликација што дава спецификации за теренот и забранетите зони за летање.
Најдобрите тимови ќе имаат можност да влезат во Европската програма за акцелерирање на проектите, која што ќе им помогне да ги реализираат своите проекти, а најдобрите шест ќе имаат можност да присуствуваат на лансирање ракета од седиштето на НАСА.
