Кофи: Недостига лојалност на опозицијата во Македонија

26.04.2016 10:59

Зборувајќи за протестите во кои беше запалена народната канцеларија на претседателот Иванов и нападната зградата на Министерството за правда, Кофи нагласил и дека избирачкото ливче е и судија и порота во демократијата.

Недостига лојалност на опозицијата во Македонија, забележува Лук Кофи, директор на американската Херитиџ Фондација во интервјуто за „Вашингтон Пост“.

Зборувајќи за протестите во кои беше запалена народната канцеларија на претседателот Иванов и нападната зградата на Министерството за правда, Кофи нагласил и дека избирачкото ливче е и судија и порота во демократијата.

Мирните протести се знак на здраво граѓанско општество и ако треба да има промени во Македонија, тогаш тоа треба да се оствари преку избори и Собранието, а не на улиците, смета директорот на фондацијата.

Тој во интервјуто за американскиот дневен весник потсети и дека изборите беа закажани за 5-ти јуни, за што се согласија и власта, и опозицијата и меѓународната заедница.