Ердоган во посета на Хрватска

26.04.2016 11:06

Хрватските медиуми пишуваат дека Турција очекува од Хрватска силна поддршка за продолжување на преговорите за влез во ЕУ.

Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган денеска ќе допатува во дводневна посета на Хрватска, при што ќе одржи средби со хрватскиот државен врв, на кои ќе се разговара за билатерални прашања, бегалската криза, борбата против тероризмот и економијата.

Хрватските медиуми пишуваат дека Турција очекува од Хрватска силна поддршка за продолжување на преговорите за влез во ЕУ.

Се очекува дека на разговорите меѓу турските и хрватските политички претставници во Загреб ќе присуствуваат и членови на претседателството на БиХ.