Спречен шверц на 9 килограми марихуана

26.04.2016 11:25

Македонски државјанин во неговото возило во специјално изработени бункери ги сокрил 10-те пакувања обвиткани со самолеплива лента. Дрогата е откриена со куче трагач.

Мобилните тимови на Царината, во соработка со Министерството за внатрешни работи на граничниот премин „Богородица“ спречија обид за криумчарење на околу 9 килограми марихуана.

Македонски државјанин во неговото возило во специјално изработени бункери ги сокрил 10-те пакувања обвиткани со самолеплива лента. Дрогата е откриена со куче трагач.

Запленетата марихуана и осомничениот се предадени на МВР, по што ќе биде поднесена кривична пријава за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори, информираат од Царинската управа.