Одржан уште еден состанок за мерките за градење доверба меѓу Македонија и Грција
На разговорите, меѓу другото, се разговарало за соработката меѓу двете министерства, како и за билатералниот дијалог по прашањата за енергијата, миграцијата, соработката во рамките на програмите од претпристапните фондови ...

Уште еден состанок на работните групи за мерките за градење доверба меѓу Македонија и Грција, овојпат одржан вчера во Скопје.
На разговорите, меѓу другото, се разговарало за соработката меѓу двете министерства, како и за билатералниот дијалог по прашањата за енергијата, миграцијата, соработката во рамките на програмите од претпристапните фондови на Унијата, соработка во образованието, стопанството, здравствената заштита, културата, јавната администрација, и цивилната заштита.
Во рамките на разговорите се потпиша и меморандум за разбирање меѓу универзитетот „Свети Апостол Павле“- Охрид и универзитетот во Пиреја.
Следната рунда разговори за мерките за градење доверба да се одржи во јуни, во Атина.
