30-годишнина од нуклеарната катастрофа во Чернобил
Украинскиот претседател Порошенко ќе присуствува на комеморацијата во близина на местото на катастрофата, како и на специјалната црковна служба за сите загинати, во Киев.

Во Украина денеска се одбележува 30-годишнината од нуклеарната катастрофа во Чернобил, до која дојде по експлозија на реакторот на централата. Тешкото оштетување на реакторот предизвика ослободување на радиоактивни материи кои се раширија низ делови од Украина, Русија, Белорусија и во северниот дел од Европа.
Украинскиот претседател Порошенко ќе присуствува на комеморацијата во близина на местото на катастрофата, како и на специјалната црковна служба за сите загинати, во Киев.
Во експлозијата и во спасувачката операција за гаснење на пожарот загинаа вкупно 30 луѓе, а во 2005 година, ОН објавија дека околу четири илјади лица починале како последица на болести предизвикани од оваа досега најголема нуклеарна катастрофа во светот.
