19 лица загинаа во напад на бунтовниците во Алепо
26.04.2016 12:02
Сириските државни медиуми јавија за 16 загинати и 86 ранети, а според нив нападите биле извршени од фронтот Ал Нусра, огранок на Ал Каеда и неговите сојузници.

Најмалку 19 цивили, од кои три деца загинаа, а 120 беа ранети вчера во напади врз областите под контрола на сирискиот режим во сирискиот град Алепо.
Сириските државни медиуми јавија за 16 загинати и 86 ранети, а според нив нападите биле извршени од фронтот Ал Нусра, огранок на Ал Каеда и неговите сојузници.
Најмалку четири лица, вклучувајќи едно дете загинале во напад во северниот дел на Алепо извршен од страна на силите на режимот на претседателот Башар Ал Асад.
