Триполи: Владата презеде контрола врз седум министерства

26.04.2016 12:24

На новата влада вчера и беа предадени и зградите на Министерствата за градежништо и комунални услуги, за транспорт, социјални грижи, локална самоуправа, млади и спорт и исламски прашања.

Либиската влада на национално единство, поддржана од Обединетите нации воспостави административна контрола врз седум министерства во Триполи, вклучувајќи го и Министерството за надворешни работи.

На новата влада вчера и беа предадени и зградите на Министерствата за градежништо и комунални услуги, за транспорт, социјални грижи, локална самоуправа, млади и спорт и исламски прашања.

Новата влада се обидува да обезбеди поддршка од многубројните вооружени групации, кои се присутни во Триполи од падот на Моамер Гадафи, во 2011 година.