Нема нови случаи на „чвореста кожа“
Болеста не се пренесува на луѓето поради што нема потреба од стравувања. Забраната за млеко и месо од потенцијално заразените региони е воведена за спречување на натамошно ширење на „чворестата кожа“.

Нови случаи на болеста „чвореста кожа“ кај говедата нема иако постојат сомнежи за нивна појава во подрачја околу Демир Капија, но тие не може да се потврдат додека не бидат готови лабораториските резултати, изјави денеска директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Поповски.
Поповски повтори дека болеста не се пренесува на луѓето поради што нема потреба од стравувања, додека забраната за млеко и месо од потенцијално заразените региони е воведена за спречување на натамошно ширење на „чворестата кожа“.
Штетите предизвикани од болеста, потенцира директорот на АХВ, ќе се надоместуваат.
