Инвестициските можности пред илјада бизнисмени

27.01.2014 11:26

Можностите за инвестирање во Македонија ќе бидат презентирани на еден од најзначајните бизнис-самити во светот...

Можностите за инвестирање во Македонија ќе бидат презентирани на еден од најзначајните бизнис-самити во светот, кој од денеска се одржува во Бангалор, Индија.

Министерот за странски инвестиции Џери Наумоф, министерот за информатичко општество Иво Ивановски и директорот на технолошките индустриски развојни зони Виктор Мизо се официјалните членови на владината  делегација која ќе ги презентира можностите за инвестирање во Македонија на Самитот во Бангалор кој годинава го слави својот 20-годишен јубилеј.

Самитот е во организација на Конфедерацијата на индиската индустрија со поддршка на Владата на Индија, а Македонија како пожелна земја за бизнис ќе биде презентирана пред околу 1.000 меѓународни компании и високи владини претставници. 

Министерот  Наумоф  е  еден од главните говорници на самитот, каде што во панелот “Ефективни начини за соработка со меѓународни партнери за овозможување подoбар и побрз развој” ќе зборува за бенефициите што им ги нуди Македонија на инвеститорите.

Наумоф истакна дека овој самит дава огромни можности за компаниите да создадат нови бизнис соработки и е одлична можност да се презентира Република Македонија.

Министерите Наумоф и Ивановски ќе имаат директни средби со меѓународни компании присутни на самитот, меѓу која е и средбата со висок претставник на менаџментот на компанијата „Mindtree“.   

Оваа компанија која остварува приход од околу 435 милиони долари нуди глобални информатички решенија и е стратешки партнер на над 40 компании од листата „Fortune 500“.