Обединети за Македонија: Врз партијата се врши реваншизам

26.04.2016 13:37

Од Обединети соопштуваат и дека граѓаните јасно порачуваат дека вистинските криминалци слободно се шетаат по улиците...

„Обединети за Македонија како партија на свој грб го има почувствувано реваншизмот на власта кон политичките неистомисленици за да ги замолчи на најсуров начин преку монтирани процеси“, се вели во денешното соопштение на Обединети за Македонија, потенцирајќи за случајот со претседателот на партијата Љубе Бошковски.

Од Обединети соопштуваат и дека граѓаните јасно порачуваат дека вистинските криминалци слободно се шетаат по улиците, а оние кои се борат за правдата да биде задоволена се притвораат со цел загушување на барањето на слобода во Македонија.