Соработка на катастрите од Македонија и Албанија
Со потпишаниот договор меѓу катастрите на двете држави, ќе се разменуваат податоци од пограничните станици ...

Македонија и Албанија ќе разменуваат податоци од пограничните станици од мрежите за глобално сателитско позиционирање и навигација, според европските препораки.
„Без дополнителни инвестиции во опрема, софвер и комуникации и двете држави постигнуваат целосно мрежно ГНСС покривање и создаваат предуслови за постигнување хомогена точност во постапките на премерување на целата своја територија, вклучувајќи ја тука и пограничната зона“, рече на потпишувањето на договорот директорот на Агенцијата за катастар на недвижности Славче Трпески.
Со потпишаниот договор меѓу катастрите на двете држави, ќе се разменуваат податоци од пограничните станици во Дебар, Охрид и Битола од македонскиот позициски систем „Макпос“ со станиците во Корча, Либражд и Кукс од албанскиот систем „Албпос“.
