Филхармонијата ќе се всели во нов објект во 2017-та
Музичарите од Македонската филхармонија во јануари 2017-та година, ќе настапуваат во новиот објект, кој во моментов е во изградба. Сите програмски цели и барања на Македонската филхармонија се остваруваат. Над илјада седишта има големата сала, а малата 300 седишта. Концертната сала на Македонската филхармонија ќе биде со најголем капацитет споредено со салите на другите културни институции во земјава...

Музицирање во соодветни услови – желба на вработените во Македонската филхармонија. За неполна година, се очекува да влезат во концертна сала со архитектонски и акустични карактеристики по светски стандарди.
Според музичарите, привремениот Дом на АРМ, не ги нуди соодветните услови за работа.
Проектот предвидува- новиот објект на Македонската филхармонија ќе биде на три нивоа. Ќе има две сали за музицирање. Големата ќе прима 1.049 гости, а малата- 306.
Планот е новиот објект да биде готов во 2017-та година. Ентериерот на објектот чини 28 милиони евра, а целиот објект е 35 милиони евра.
Постојната зграда на Македонската филхармонија е стара 70 години.
Александра Перевска
