Српски државјанин киднапиран во Либија

26.04.2016 14:25

Информацијата ја потврди и Министерството за надворешни работи на Србија, додавајќи дека се во постојан контакт со либиските влaсти, со кои работат на тоа ситуацијата што побрзо да се реши и тој да биде ослободен.

Весникот „Вечерње Новости“ објави дека српскиот државјанин Мирослав Томиќ бил киднапиран во саботата на 23 април во Либија. Информацијата ја потврди и Министерството за надворешни работи на Србија, додавајќи дека се во постојан контакт со либиските влaсти, со кои работат на тоа ситуацијата што побрзо да се реши и тој да биде ослободен.

Томиќ, кој живее во Либија во последните 20 години и којшто работел на нафтени полиња на 1.200 километри од Триполи бил киднапиран при контролата на нафтеното наоѓалиште „Месина Оилфилд“ во сопственост на компанијата „Арабиен Голд Олив Копани“.

Се претпоставува дека киднапирањето го извршиле локални криминални групи, и дека најверојатно ќе бараат откуп.