Две декади дипломатски односи Македонија - Русија

27.01.2014 11:52

Шефот на дипломатијата Никола Попоски и амбасадорот на Руската Федерација Олег Шчербак приредуваат свечен прием по повод 20 години од воспоставувањето дипломатски односи меѓу двете држави. Русија ја призна независноста на  Македонија на 4 август 1992 -та, една година по распадот на Југославија и прогласувањето на независност на земјата. Дипломатските односи, пак, под уставното име на Македонија беа воспоставени на 31 јануари 1994 година. На 6 октомври 1994 година руското претставништво во Скопје прерасна во Амбасада на Руската Федерација.

Шефот на дипломатијата Никола Попоски и амбасадорот на Руската Федерација Олег Шчербак приредуваат свечен прием по повод 20 години од воспоставувањето дипломатски односи меѓу двете држави. Русија ја призна независноста на  Македонија на 4 август 1992 -та, една година по распадот на Југославија и прогласувањето на независност на земјата. Дипломатските односи, пак, под уставното име на Македонија беа воспоставени на 31 јануари 1994 година. На 6 октомври 1994 година руското претставништво во Скопје прерасна во Амбасада на Руската Федерација. Истата година, македонската Канцеларија за врски во Москва почна да функционира како Амбасада на Република Македонија. Односите меѓу двете земји ги карактеризира пријателство и високо ниво на соработка. На 27 јануари 1998-та претседателите на Руската Федерација и на Република Македонија ја потпишаа Декларацијата за соработка и пријателство меѓу двете држави.