Канаѓанец погубен од екстремисти на Филипините

26.04.2016 15:31

Веста за погубувањето ја потврди и канадскиот премиер, Џастин Трудо, изјавувајќи дека е ужаснат од целиот настан.

Екстремистите на Абу Сајаф го погубија канадскиот заложник Џон Ридсдел на Филипините. Филипинската влада претходно наведе дека неговата отсечена глава била пронајдена на еден оддалечен остров, пет часа откако истекол рокот за откупот што го бараа исламските екстремисти.

Веста за погубувањето ја потврди и канадскиот премиер, Џастин Трудо, изјавувајќи дека е ужаснат од целиот настан. Трудо потсети дека Ридсдел бил киднапиран на 21-ви септември минатата година и дека се вложувале напори да се ослободи и другиот киднапиран канаѓанин.

Агенциите наведуваат дека екстремистите барале 6,4 милиони долари за секој од киднапираните.