Парламентарна делегација на Севетот на Европа
Пратеникот Александар Николоски ја предводи македонската делегација на јануарската сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа
На сесијата на Парламентарното собрание на Советот на Европа, која се одржува од денеска до 31 јануари годинава во Стразбур, учествува и делегацијата на Собранието на Република Македонија во состав Александар Николоски, шеф на делегацијата и членовите Ермира Мехмети и Игор Ивановски.

Главни теми за кои ќе се дебатира , се случајот Магнитски, влијанието на интернетот врз политиката, како и интеграцијата на мигрантите во Европа. Ќе се расправа и за борбата против климатските промени, евалуацијата на „партнерството за демократија" со Палестинскиот национален совет и оправданоста на меѓународните организации за кршење на човековите права. Поднесено е и барање итна точка на дневниот ред да биде функционирањето на демократските институции во Украина. Пред пратениците ќе се обратат и Австрискиот канцелар Вернер Фејман и претседателот на Европарламентот Мартин Шулц. Генералниот секретар на Европа, Торбјорн Јагланд ќе поднесе извештај, а австрискиот министер за надворешни работи, Себастијан Курц, во својство на претседавач со Комитетот на министрите, ќе ги презентира приоритетите на австриското претседателство. Пратениците во Парламентарното собрание на Советот на Европа на почетокот на оваа сесија ќе избираат и нов претседател за мандат од две години.
Лидија Чакар