Началникот на Вооружените сили на Словечка во посета на Македонија
27.04.2016 08:39
Делегацијата на Словачка ќе биде пречекана со високи воени почести од страна на домаќинот, началникот на ГШ на АРМ, генерал-потполковник Методија Величковски.

Началникот на Генералштабот на вооружените сили на Словачка, генерал Милан Максим во официјална посета на Македонија.
Делегацијата ќе биде пречекана со високи воени почести. Генерал Максим ќе има средба со министерот за одбрана Јолевски.
Во фоксуот безбедносната состојба во регионот со осврт на мигранската криза, учеството на АРМ во операциите за подршка на мирот.
Генералот Максим ќе биде примен и од претседателот Ѓорге Иванов.
