ОМД повикува на смирување на ситуацијата во Македонија
27.04.2016 10:38
Сите фактори да се заложат за враќање на мирот и стабилноста...

Обединетата Македонска дијаспора (ОМД) повикува на смирување на ситуацијата во Македонија, сите фактори да се заложат за враќање на мирот и стабилноста.
Во дописот велат – следејќи ја ситуацијата во последните 25 години проследена со бојкоти на една или друга страна на собранието, доминација на партискиот и личниот интерес над националниот и недостаток на солидна опозиција неопходна за иднината на државава, ОМД повикува да се престане со улична демократија и сите прашања да се решаваат во склоп на Собранието и државните институции.
Го осудуваат, како што велат, вандализмот на поединци кои се обидуваат да го делигитимираат оправданиот израз на незадоволство на народот.
