Средба во ССК за кинескиот пазар како потенцијал за македонските компании
На средбата ќе присуствуваат Александар Зарков, оперативен директор на ССК, Лиу Јингжи, втор секретар од Амбасадата на НР Кина во Македонија и официјалниот застапник на дегустациско изложбениот простор за Македонија, Словенија и Босна и Херцеговина во Нингбо, Томислав Сумич.

Сојуз на стопански комори на Македонија (ССК) денеска организира средба на тема „Кинескиот пазар – потенцијал за македонските компании“.
На средбата ќе присуствуваат Александар Зарков, оперативен директор на ССК, Лиу Јингжи, втор секретар од Амбасадата на НР Кина во Македонија и официјалниот застапник на дегустациско изложбениот простор за Македонија, Словенија и Босна и Херцеговина во Нингбо, Томислав Сумич.
На средбата ќе се разговара за економската соработка помеѓу Република Македонија и НР Кина, можностите за зголемување на извозот на македонските производи во Кина како еден од најголемите пазари во светот, и конкретни иницијативи и активности од страна на ССК кои ќе се преземат во наредниот период.
