Се намалува бројот на странски борци што се приклучуваат на ИД
27.04.2016 11:30
За разлика од лани кога месечно и се приклучувале околу 2 илјади странски борци, денес има само 200 нови членови месечно.

Според американскиот генерал-мајор Питер Герстен, се намалува бројот на странски борци што им се придружуваат на милитантите на Исламската држава во Ирак и во Сирија.
За разлика од лани кога месечно и се приклучувале околу 2 илјади странски борци, денес има само 200 нови членови месечно.
Герстен додаде и дека во воздушните напади биле уништени до 800 милиони долари готовина, која била во сопственост на Исламска држава.
Американското министерство за финансии во 2014 година ја нарече Исламска држава „најдобро финансирана терористичка организација“.
