Прекинато прскањето против комарци во Скопје

27.04.2016 11:32

Кога временските услови ќе бидат поволни и ќе може да се реализира дезинсекцијата...

Градот Скопје информира дека најавената авионска и терестрична дезинсекција против комарци, која требаше да се реализира од 23 до 28 овој месец е прекината заради влошување на временската состојба.

Кога временските услови ќе бидат поволни и ќе може да се реализира дезинсекцијата, граѓаните ќе бидат дополнително известени, соопшти Град Скопје.