Случај „Ќелија“: Рочиштето одложено, одбраната бара увид во доказите
Одбраната побара одлагање на рочиштето, со тврдење дека сеуште не направиле увид во доказите.

Со читање на обвинителниот акт, во скопскиот Кривичен суд почна судењето во издвоена постапка за 5-мина обвинети за учество во странска војска. Одбраната побара одлагање на рочиштето, со тврдење дека сеуште не направиле увид во доказите.
Предходно, на јавна седница за оцена на обвинителниот акт, шест обвинети го признаа делото. По спогодбата за вина, оџата Реџеп Мемиши од „Тутунсуз“ џамијата, беше осуден на казна затвор од седум години, Ахмет Дарлишта, доби 5 ипол,а уште четворица 5 години.
Осомничените се товарат за регрутирање лица во странски војски или паравоени формации, собирање финансиски средства и материјална помош за обезбедување на нивното патување, обука и учество во странската војска.
Следното рочиште е закажано за 9-ти мај.
