Белгија го екстрадира Абдеслам
На 18 март во Брисел, 26-годишниот Французин беше ранет и уапсен во полициска рација. Во нападите во Париз загинаа 130 луѓе. Одговорноста ја презеде Исламска држава...

Белгија го екстрадира Салах Абдеслам во Франција, осомничен за нападите во Париз. На 18 март во Брисел, 26-годишниот Французин беше ранет и уапсен во полициска рација. Во нападите во Париз загинаа 130 луѓе. Одговорноста ја презеде Исламска држава.
„Ова момче сака да зборува, а тоа е важно. И правниот систем и семејствата треба да знаат. Нашиот состанок траеше над два часа во присуство на неговиот белгиски адвокат“, изјави Франк Бертон, адвокат на Салах Абдеслам.
Засега не е познато каде е однесен Абдеслам. Белгиските власти минатата недела покренаа обвинение против Абдеслам, поврзано со престрелката во Брисел во која беа повредени четворица полицајци. Оваа престрелка се случи три дена пред да биде уапсен.
