Идомени: Бегалците ја ослободија железничката пруга

27.04.2016 13:36

Едномесечната бегалска блокада на пругата влијаеше негативно врз грчките извозници и транспортери кои јавија за милионска штета од неможноста да се праќаат стоки и производи преку товарните возови на линијата Солун- Скопје кон Европа.

Бегалците на Идомени ја ослободија железничката пруга која беше блокирана со шатори повеќе од еден месец. Засега пругата е слободна без најави за нови блокади.

Едномесечната бегалска блокада на пругата влијаеше негативно врз грчките извозници и транспортери кои јавија за милионска штета од неможноста да се праќаат стоки и производи преку товарните возови на линијата Солун- Скопје кон Европа. На Идомени и натаму има над 10.000 бегалци.

Бегалците, пак, сместени во прифатниот центар Морија на островот Лезбор, го нападнале министерот за миграциска политика на Грција, Јанис Музалас.