Јубилеј: 40 години Кинотека на Македонија

27.04.2016 14:58

На 29-ти април 1974 година е објавен Законот за формирање на Кинотеката на Македонија, оттогаш април е месецот кога се празнува филмската уметност, националното визуелно наследство и луѓето заслужни за неговото создавање и чување.

„Златен објектив“, наградата за исклучителен придонес во македонската кинематографија му беше врачена на Дарко Марковиќ- карикатурист, режисер и сатиричар кој има добиено многубројни признанија и награди за режија на повеќе фестивали. Карикатурата ја засакал во студентските денови, останувајќи и животно и професионално верен до денес.

На 29-ти април 1974 година е објавен Законот за формирање на Кинотеката на Македонија, оттогаш април е месецот кога се празнува филмската уметност, националното визуелно наследство и луѓето заслужни за неговото создавање и чување.

Кинотеката на Македонија, покрај дигитализирањето на филмовите и осовременувањето на опремата во киното, не се откажува и од проекциите на 35-мм лента.

Овој месец по повод јубилејот, ќе биде прикажан култниот филм „Дискретниот шарм на буржоазијата“ како и филмот „Лулу“. Публиката ќе може да ги погледне и реставрираните филмови „Хај – фај“ на Владимир Блажевски, „Жед“ на Димитре Османли и „Татко“ на Коле Ангеловски.

 

Александра Перевска