Кинескиот пазар- можност за македонските компании

27.04.2016 15:17

Преку презентација на производи од прехранбената, македонските компании ќе го освојуваат кинескиот пазар. Во јуни во Нингбо ќе учествуваат на саемот за иновации и трговија. Ќе биде отворени и првиот македонски дегустациски изложбен простор. Кина е меѓу првите десет трговски партнери на Македонија...

Македонски компании го меркаат кинескиот пазар. Во план е да се зголеми извозот во оваа земја, преку отворање на изложбено дегустациски простори – информираат од Сојузот на стопански комори. Бизнисмените сметаат дека поголемата соработка со Кина ќе значи нов импулс за домашните економија.

Во јуни е планират саем за инвестиции, при што, за производите од македонските компании ќе се обезбеди бесплатен транспорт до Кина. Се очекува да се претстават повеќе од 20 компании.

Можности за соработка се детектирани во прехранбената, фармацевтската индустрија, ИТ секторот, производство на пијалоци.

Кина е меѓу првите десет трговски партнери на Македонија. Според податоците од Заводот за статистика лани извозот изнесувал 129 милиони евра.

 

Дијана Ценевска