Либија: Ослободен киднапираниот српски инженер
27.04.2016 15:28
Миролав Томиќ беше киднапиран во саботата на 23-ти април во Либија, додека работел на контрола на нафтеното наоѓалиште „Месина оилфилд“, во сопственост на компанијата „Арабијен Голд Олив Копани“.

Српското министерство за надворешни работи соопшти дека српскиот инженер, којшто беше киднапиран во Либија, е ослободен.
Миролав Томиќ беше киднапиран во саботата на 23-ти април во Либија, додека работел на контрола на нафтеното наоѓалиште „Месина оилфилд“, во сопственост на компанијата „Арабијен Голд Олив Копани“.
Протпаролот на министерството соопшти дека Томиќ уште утре ќе се врати на работното место.
