Да се најде решение за помирување во општеството

27.04.2016 16:15

„Повик за разум и обединување во страстната недела, да се најде решение за помирување во општеството“- порака од форумот насловен „Жената и религијата – дискурс и пракса“, организиран од Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ...

На велика среда, во неделата на страдањата пред Христовото воскресение, жените од владејачката партија повикаа на разум и обединување. Сметаат- не е време на херои и хероини. Ним местото им е во историјата, како гемиџиите, илинденците, асномците. Велат, време е на триумф на разумот без разлика од која етничка или верска припадност се луѓето што секојдневно го вандализираат градот.

Жената треба да го има најпресудниот фактор во овој момент со својата љубов, согрижа и со молитвата за вистинско решение на искушението со кое се соочува нашето општетсвто. Жената е образецот на однесувањето, на традицијата и на семејството и во Христајанството и во Исламот.  

Од форумот беше изразена надеж дека барем во оваа седмица ќе се тихува и молчи наместо да се војува и лудува, токму како што наметнува верата.

 

Фиљана Кока