Ристовски: Акредитирани 18 лаборатории на факултетите

27.04.2016 16:27

Заменик министерот за образование, Спиро Ристовски, нагласи и дека акредитирањето е значајно олеснување за македонската економија, зашто компаниите досега испитувањата мораше да ги прават во други лаборатории од регионот, со што им беа зголемени трошоците.

Од Минсиерството за образование информираат дека седум лаборатории се комплетно акредитирани со околу сто нови методи во текот на изминатите два месеци. Велат дека може да ги користат компаниите за своите потреби. Со нив, вкупно 18 лаборатории се акредитирани.

Заменик министерот за образование, Спиро Ристовски, нагласи и дека акредитирањето е значајно олеснување за македонската економија, зашто компаниите досега испитувањата мораше да ги прават во други лаборатории од регионот, со што им беа зголемени трошоците.

На ваков начин се овозможува намалување на трошоците, а истовремено и Македонија да прерасне во регионален центар во кој и компании од другите држави ќе може да ги користат можностите на методите кои постојат во акредитираните лаборатории, додаде Ристовски.

Апелираше до бизнис-заедницата во Македонија, но и во регионот, акредитираните методи на лабораториите да ги користат не само за научно-истражувачки цели, туку и за своите потреби.