„Панамските документи“ наскоро ќе бидат достапни за јавноста

27.04.2016 17:20

„Панамски документи“ ќе бидат достапни за јавноста на 9 мај, соопшти Меѓународниот конзорциум на истражувачките новинари, кој ги распредели документите за анализа меѓу медиумите, што членуваат во него...

Милиони документи, кои беа откриени со скандалот „Панамски документи“, ќе бидат достапни за јавноста на 9 мај, соопшти Меѓународниот конзорциум на истражувачките новинари, кој ги распредели документите за анализа меѓу медиумите, што членуваат во него.

Базата на податоци ќе содржи информација со над 200.000 фирми, компании и фондации, регистрирани во 21 даночен рај - „од Хонгконг до американската држава Невада“, се наведува во извештајот на организацијата со седиште во Вашингтон.

Истекувањето на 11,5 милиони документи од адвокатска фирма „Мосак Фонсека“ во Панама откри како богатите и моќни луѓе ширум светот ги кријат парите.