Скопјанец пронајден мртов во стан на „Теодосиј Гологанов“

27.04.2016 18:34

Според МВР, К.К. имал повреди од огнено оружје во пределот на градниот кош, а оружјето е пронајдено покрај неговото тело.

К.К. (40) попладнево е пронајден мртов во стан на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје.

Според МВР, К.К. имал повреди од огнено оружје во пределот на градниот кош, а оружјето е пронајдено покрај неговото тело.

Немилиот настан се случил околу 17 часот. Моментно се врши увид и се прземаат мерки за расчистување на случјот.