Велики Четврток

Почнуваат Велигденските празнувања

28.04.2016 10:32

Пред изгрејсонце, домаќинките ги вапсаат јајцата, и според традицијата, со нив преоѓаат по лицата на најблиските, на децата, со желби за здравје. Денеска е Велики Четврток, денот кога се одржала тајната вечера, на којшто спасителот Исус Христос го најавил неговото заминување од овоземниот свет.

Почнуваат велигденските празнувања со утринското вапсање црвени јајца, симбол на животот, за најголемиот христијански празник Велигден. Пред изгрејсонце, домаќинките ги вапсаат јајцата, и според традицијата, со нив преоѓаат по лицата на најблиските, на децата, со желби за здравје. Денеска е Велики Четврток, денот кога се одржала тајната вечера, на којшто спасителот Исус Христос го најавил неговото заминување од овоземниот свет.

Во храмот Свети Великомаченик Димитриј во Скопје, архиепископот Охридски и Македонски Г.Г. Стефан, богослужеше литургија, со што почнуваат посебни богослужби пред воскресението Христово. Ова, според верата, е ден на измешани чувства на оплакување на маките на Христа, и радост за неговото Воскресение.