Охрид и Струга полни за Велигден, соседите најбројни гости
28.04.2016 10:41
Над 90 проценти од хотелите на Охридско- струшката ривиера се веќе резервирани.

Продолжениот викенд за Велигденските и Првомајските празници ги исполнува туристичките капацитети во земјава. Во Охрид се бара резервација повеќе.
Над 90 проценти од хотелите на Охридско- струшката ривиера се веќе резервирани. Според угостителите, станува збор за гости од соседството, Србија и Бугарија, но и од Турција.
И за Дојран веќе има најави за исполнување на овој наш туристички центар, со гости од Грција и од соседството.
