Сонце и повремен дожд за продолжениот викенд
Во земјава денеска е умерено облачно, а температурата ќе се движи меѓу 17 и 25 степени. В петок и сабота облачноста ќе се зголеми и ќе биде проследена со локални врнежи од дожд.

Сонце и повремен дожд не очекува за продолжениот викенд. Во земјава денеска е умерено облачно, а температурата ќе се движи меѓу 17 и 25 степени. В петок и сабота облачноста ќе се зголеми и ќе биде проследена со локални врнежи од дожд.
За Велигден, в недела, времето ќе биде исто така врнежливо, наместа ќе има и изобилни врнежи.
Сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива без забрани, по наместа влажни коловози. Пренасочување на сообраќајот има пред населеното место Војшанци, соопштува АМСМ.
Во текот на денот се очекува да почне претпразничниот метеж на граничните премини за излез од земјава.
