Петнаесет години од масакрот кај Вејце

28.04.2016 11:06

Во заседа кај тетовско Вејце во 2001 година загинаа 8-мина бранители на Македонската Армија и на МВР...

Сеќавање на масакрот кај тетовско Вејце, каде што во 2001 година загинаа 8-мина бранители на Македонската Армија и на МВР. Во заседата кај Вејце загинаа Роберт Петковски од Бунарџик, Бобан Трајковски од Куманово, Игор Костески од Скопје, Миле Јаневски од Македонска Каменица, Марјан Божиновски од Битола, Кире Костадиновски и Бошко Најдовски од селата Горно и Долно Оризари, битолско, и Илче Стојановски од Породин.

Министерот за одбрана Зоран Јолевски и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал потполковник Методија Величковски ќе положат цвеќиња пред споменикот на загинатите припадници на Полкот за специјални операции во касарната Илинден во Скопје.