Ракометната репрезентација на Франција е новиот европски владетел
Во големото финале триколорите ја демолираа селекцијата

Во големото финале триколорите ја демолираа селекцијата на домаќинот и актуелен европски првак Данска со 41-32.
Слична судбина данците доживеаја пред само 1 година во финалето на на светското во Шпанија од домаќинот. Сега тие во улога на домаќин и покрај 14000-те илјади навивачи финалето го загубија уште на почетокот. До средината на полувремето французите веќе водеа со 11-4, а фантастичната одбрана предводена од Омејер со 8 одбранети удари не дозволи Данска да се врати во игра, па на полувреме заминаа со убедливи 23-16.
Во второто рутина за французите, константно ја одржуваа преднозта за конечни 41-32 и за трето европско злато по 2008-та и 2010-тата.
Во мечот за третото место Шпанија ја совлада Хрватска со 29-28.
Пред финалето беа избрани и најдобрите играчи. За најкорисен беше прогласен Никола Карабатиќ од селекцијата на шампионот, а во идеалниот тим беа избрани бековите: Лијевски, Хансен и Дувњак, крилата Абало и Сигурдсон, пикерот на Шпанија, Агинагалде и голманот на данска ,ЛАндин.
Во изборот на светската ракометна федерација(ИХФ), за најдобар играч во светот е прогласен хрватот Домагој Дувњак, а членката на Вардар СЦБТ и српска репрезентативка Андреа Лекиќ за најдобра ракометарка во светот.
