Уапсени неонацисти во Минхен
28.04.2016 13:13
Полицијата ги уапсила во текот на една опсежна рација, само два дена пред планираниот напад.

Четворица германски неонацисти во Минхен се обвинети за планирање бомбашки напади врз центрите за азиланти. Тројца мажи и жена формирале ултрадесничарска група под името „Друштво од старото училиште“.
Обвинителството тврди дека носеле експлозивни материјали од странство. Полицијата ги уапсила во текот на една опсежна рација, само два дена пред планираниот напад.
