Најмногу несреќи на работното место во земјоделството

28.04.2016 14:19

Bројот на несреќи е намален во однос на 2014-та година. 28- ми април е Светски ден за безбедност и здравје при работа...

39 смртни случаи и околу 105 потешки несреќи на работното место е извештајот за 2015 година на македонското Здружение за заштита при работа. Оттаму велат дека ова не се конечни бројки бидејќи информациите се црпат од медиумите. Сепак, бројот на несреќи е намален во однос на 2014-та година.

Од Сојузот на синдикати велат дека една од конкретните цели им е да го заштититат животот на работникот и да се унапредат условите за безбедност и здравје при работа

28- ми април е Светски ден за безбедност и здравје при работа. Секоја година темата е различна. Оваа година мотото е „Стрес на работа, колективен предизвик“.

Од Националниот совет за безбедност и здравје при работа како стресни ги издвојуваат работните места на здравствените работници, банкарските службеници, новинарите, војниците, полицајците затоа што се постојано во комуникација со други луца, односно вршат работа за други. 

 

Ана Јосифоска- Тородовска