Невреме: Хаос во Словенија, Љубљана без струја
Снегот предизвика проблеми и во сообраќајот, при што се регистрирани повеќе сообраќајни несреќи, а постои опасност и од снежни одрони.

Поради обилните врнежи во Словенија денеска без електрична енергија останаа десетина илјади домаќинства, од кои поголемиот дел на подрачјата на Љубљана и Дравоград. Снегот предизвика проблеми и во сообраќајот, при што се регистрирани повеќе сообраќајни несреќи, а постои опасност и од снежни одрони.
Метеоролозите очекуваат дека по поларниот бран во последните денови, во наредниот период температурата ќе се покачи, но дека ќе остане сепак невообичеано ниска за овој период од годината, поради што се очекуваат можни штети на земјоделските култури и на овошјето.
Поголемиот дел од државата е под снежна покривка од околу 25 сантиметри, а во планинските достигнува и до 40 сантиметри.
Дежурните служби предупредија да не се патува во планинските предели поради можноста од лавини, но неколку скијалишта очекуваат поголема посетеност токму порди најавените нови врнежи од снег.
На Вогел наврнале околу 60 сантиметри снег, а скијачките патеки се очекува да останат отворени најмалку до понеделник.
Марина Автовска
