Ракомет

Олеснета ли е дел од работата за ЖРК ”Вардар-СЦБТ“?

27.01.2014 12:57

Внимането веќе го насочуваме повторно кон клубскиот елитен мегдан

Внимането веќе го насочуваме повторно кон клубскиот елитен мегдан, Лигата на Шампиони. Дамите ќе ни ја отворат годинешната сцена, со првиот домашен натпревар од втората фаза од групата еден.

Противникот е германскиот шампион Туригер со кој веќе в недела во спортскиот центар ”Борис Трајковски“ вардарки ќе истрчаат на мегдан. Бодовите исклучително битни за ½ финалниот или фајнел-фор расплетот во Будимпешта.

Германките влегоа со високи амбиции во шампионската авантура. Перспективно во комбинација им беше и крајот во Будимпешта, но повредите им ги поматиа сметките. Од три клучни ракометарки неможе да се смета на две од нив до крајот на сезоната, централниот бек Керстин Вохлболд која има повреда на вкрстените лигаменти и менискусот, а со истата мака се соочува и десниот бек Лидија Јакубисова. Скршеница на носот ја одалечува сега за сега и пикерот Даник Снелдер. Во меѓувреме во ”Турингер“ потис стави Свења Хубер која ќе игра на позицијата на Јакубисова, десен бек .

Првиот чекор во историскиот успех германскиот представник ќе го има со наш ”Вардар-СЦБТ“ в недела во 18 часот, кој исто со пласманот меѓу 8-те белжи успех за клубските анали.