Димитриев: Изборите на 5-ти јуни се неопходни
Претседателот на владата за спроведување на изборите, Емил Димитриев смета дека во функција на изборите, во функција на просперитетот на Република Македонија и на секој еден граѓанин на нашата држава е одржување на изборите на 5-ти јуни...

Изборите на 5-ти јуни се неопходни- вели претседателот на владата за спроведување на изборите, Емил Димитриев. Смета дека се исполнети сите услови за нивно одржување.
„Владата направи се максимум да помогне на институциите кои се одговорни за организирање на изборите. Тука првенствено мислам на нашата соработка со Државната изборна комисија. ДИК од своја страна сработи се што требаше да биде сработено во делот на прочистување на Избирачкиот список и во делот на носење на Роковникот кој понатака ќе ги определува активностите врзани за изборите. Апсолутно сум убеден дека се исполнети сите услови за одржување на изборите на 5-ти јуни“, потенцира Димитриев.
Димитриев нагласува дека во функција на изборите, во функција на просперитетот на Република Македонија и на секој еден граѓанин на нашата држава е одржување на изборите на 5-ти јуни, формирање стабилна влада и понатака преземање на сите обврски коишто една влада треба да ги има пред себе.
