Кина нема да дозволи хаос на Корејскиот Полуостров

28.04.2016 15:21

Претходно Пјонгјанг лансираше ракета со среден домет којашто паднала само неколку секунди по полетувањето.

Кина нема да дозволи војна и хаос на Корејскиот Полуостров, изјави кинескиот претседател Кси Џипинг на отворањето на Петтата средба на министрите за надворешни работи на Конференцијата за заедничко дејствување и изградба на довербата во Азија, што се одржува во Пекинг.

Тој посочи дека Кина вложува напори за регулирање на ситуацијата во Северна Кореја, согласно со резулуцијата на Советот за безбедност на Обединети нации.

Претходно Пјонгјанг лансираше ракета со среден домет којашто паднала само неколку секунди по полетувањето.

Северна Кореја објави дека создава интерконтинентални балистички ракети со нуклеарна глава која може да стигне и до американскиот контингент.