15 години од загинувањето на македонските бранители кај Вејце

28.04.2016 16:03

Нивните харбри дела останаа да живеат вечно - велат од здруженијата на бранителите.

И по 15 години Битолчани не можат да го заборават тоа априлско попладне во 2001-та. Пристигна вестта дека четврица нивни сограѓани, полицајците Марјан, Илчо, Бошко и Кире се убиени кај тетовско Вејце. Нивните харбри дела останаа да живеат вечно - велат од здруженијата на бранителите.  

„Мора да се донесе Законот за бранителите со кој секој со ист аршин ќе биде обештетено секое семојство, тоа ќе го бараме од секоја влада како и бранителите да добијат соодветни ордени“, вели бранителот од здружението „Достоинство“, Сашо Гилевски.

„Ни оставија аманет како да ја браниме татковината од разнебитување, ако треба пак ќе крвариме и нема да дозволиме реализација на некои лоши сценарија“, вели бранителот од здружението „Бедем“, Зоран Талески.

Освен четворицата Битолчани, во заседата кај Вејце загинаа и бранителите: Роберт Петковски и Игор Костески од Скопје, Бобан Трајковски од Куамново и Миле Јанески од Македонска Каменица.

Пред споменикот на бранителите во касарната Илинден, почит оддадоа и премиерот за спроведување на изборите, Емил Димитриев, и министерот за одбрана, Зоран Јолевски.

 

Стевче Митревски