Емотивно враќање на Пирс и на Гарнет во Бостон
4:4, домашни – гости во вечерните и ноќешните НБА натпревари. Бруклин ја ...

4:4, домашни – гости во вечерните и ноќешните НБА натпревари. Бруклин ја оствари десеттата победа во последните 11 натпревари, но мечот во Бостон го одбележа првото враќање дома на Кевин Гарнет и Пол Пирс. Некогашните членови на шампиoнскиот тим на „Селтикс“ беа дочекани со овации, но импресионирани од атмосферата постигнаа по само шест поени во победата на „Нетс“ од 85:79. Ова беше и првиот меч како гостин во „Бостон Гарден“ на Пирс кој го одигра 1274-от натпревар во кариерата. Најефикасен беше резервистот Андре Блеч со 17 поени.
Стефон Кари имаше шутерско шоу донесувајќи му ја 13-тата домашна победа на Голден Стејт и тоа против третопласираниот во „Западната конференција“ Портланд со 103:88. Реализираше 38 поени, 8 асистенции и 7 скока.
Њу Орлеанс го совлада Орландо со 100:92 затоа што го имаше разиграниот тандем, Ентони Дејвис со 22 поена, 19 скока и 7 блокади и Тајрек Еванс со 23 коша и по седум асистенции и скока.
За триумфот на Далас против Детроит со 116:106, најзаслужен беше Дирк Новицки со 28 поени, 4 додавања за кош и 9 скока.
Феникс на гости беше подобар од Кливленд со 99:90. Маркиф Морис постигна 27 поени на коишто придодаде и 15 скока.
Во најефиксаниот дуел, Денвер беше поуспешен на паркетот на Сакраменто со 125:117. Тај Лоусон реализираше 27 поени.
Во двете претполноќни „претстави“, Њујорк врза два триумфа повторно благодарение на расположениот Кармело Ентони кој уфрли 35 коша во славјето против Лејкерс со 110:103., додека во пресметката на второпласираните во двете конференции, Мајами од „Истокот“ беше подобар од Сан Антонио од „Западот“ со 113:101. Крис Бош реализираше 24 поени, 5 скока и 3 асистенции, Тим Данкан 23 коша и 3 освоени топки под обрачите.
Резултати:
Бостон – Бруклин 79:85
Голден Стејт – Портланд 103:88
Њу Орлеанс – Орландо 100:92
Далас – Детроит 116:106
Кливленд – Феникс 90:99
Сакраменто – Денвер 117:125
Њујорк – Лејкерс 110:103
Мајами – Сан Антонио 113:101
