Протестите во мирување за време на празниците

28.04.2016 16:05

Од граѓанската иницијатива „Протестирам“ преку социјалните мрежи информираат дека за денес не е планиран голем протест, иако се очекува дел од демонстрантите во 18 часот повторно да дојдат пред Специјалното обвинителство.

Протестите се ставени во мирување за време на Велигденските и Првомајските празници. Ќе нема демонстрации низ земјава. Од граѓанската иницијатива „Протестирам“ преку социјалните мрежи информираат дека за денес не е планиран голем протест, иако се очекува дел од демонстрантите во 18 часот повторно да дојдат пред Специјалното обвинителство.

И од Граѓанското движење за одбрана на Македонија велат дека активностите ќе ги стават во мирување за време на големиот верски празник, и дека потоа ќе продолжат онаму каде што застанале.