СДСМ: ДИК да ги објави личните податоци на избирачите
СДСМ бара Државната изборна комисија на својата веб- страницата да ги објави личните податоци на избирачите. Во спротивно, опозиционерите ќе поднесат кривични пријави. Демократскиот сојуз, ФРОДЕМ и Работничката партија сметаат дека на земјава и е потребна платформа за излез од политичката криза. Побараа одложување на изборите, повлекување на одлуката за аболиција, формирање експертска влада...

СДСМ смета дека Државната изборна комисија треба да постапи во согласност со изборниот закон и на својата веб страница да ги објави личните податоци и адресите на гласачите. Како што рече Манчевски, доколку ДИК не го стори тоа, партијата ќе поднесе кривични пријави против комисијата.
Од ФРОДЕМ сметаат дека е неопходна Платформа за излез од длабоката криза во која е втурната Македонија. Предлагаат во градењето на Платформата да се вклучат сите релевантни политички партии, граѓанскиот сектор, како и медиумите, и да се дојде до консензус и единство околу стратегиските интереси и стабилноста на земјата.
Демократскиот сојуз предлага свикување седница на Парламентот, одлагање на изборите и формирање на експертска Влада.
Од помалите партии се со став дека лидерите на четирите партии потписници на договорот од Пржино немаат кредибилитет да одлучуваат сами за иднината на граѓаните.
Игор Панов
