Празнично трошење- со сите обичаи и традиции, ама поскромно
Tрадициите мора да се задржат, ама и да се внимава на паричникот. Како и колку трошиме за празниците. Граѓаните повнимателни, ама празничната еуфорија може и да понесе. Психолозите со препорака - торшете според можностите, но и уживајте во празниците…

Со сите обичаи и традиции, ама малку поскромно. Вака размислуваат граѓаните кога е во прашање празничното трошење, за Велигден и за први мај. Онаа народната за чергата и длабочината на џебот им е наум на сите
„Кој може да си ја пушти чергата повеќе, може и да потроши повеќе. Кој мисли дека треба да помине понатаму, помалку ќе си потороши. Поскромо, ама од се понешто да има, ама да се задржат традициите, нормално.“
„Прво гледаме да го прославиме на верска основа, а потоа да го прославиме материјално, велат граѓаните за празнувањето и трошењето“, велат граѓаните.
Трговците велат, годинава нудат пониски цени. Досегашната нивна логика за поскапо, не се чувствува многу.
„Цената на јагнешкото месо во споредба со ланската година е за 25 насто пониска. Купуваат, нормално, секој според финансиската моќ, така и купуваат.“
„Многу поевтино е, ама послаба потрошувачка има“, велат трговците.
Сепак, Велигден не се споредува со ниту еден празник. Нешто ново мора да се купи, понесува празничната еуфорија.
„Прекрасни празници, трошиме, зашто седум недели се пости и малку ќе се опуштиме.“
„Мора за празникот да се земе нешто. Гости доаѓаат, на гости одиме и мора домаќинот да подготви нешто“, уверуваат граѓаните.
Со тоа се согласуваат и странските гости.
„Убаво е овде кај вас за Велигден. Слично е и како во Словенија. Слични сме во празнувањата, трошењето и во почитувањето на традицијата“, вели гостинка од Словенија.
За психолозите, празниците ги доживуваме емотивно, а потоа ја гледаме материјалната страна.
„Празниците значат да си посветиш време себеси, на своите блиски и на семејствата. Се она што е материјално, доаѓа во втор план, бидејќи духовното и емотивното доаѓа во прв план, така што луѓето немаат некогаш контрола на она што го трошат“, вели Јован Велески, психолог.
Психолозите со празнична препорака. Трошете колку што можете да си дозволите, ама, безусловно, уживајте во празниците.
Елизабета Митреска
